HomeДЕНЕШНАРепубликаПетнаесет години од убиството кај „Бриони“

Петнаесет години од убиството кај „Бриони“

На православните гробишта во Челопек и на разурнатиот мотел „Бриони“, членовите на семејствата и пријателите ја одбележаа 15-годишнината од загинувањето Светослав Трпковски и Боге Илиевски во конфликтот во 2001 година.

Зетот на Трпковски, Љупчо Начевски изјави дека и по 15 години сакаат да се откријат виновниците за, како што рече, овој трагичен настан од конфликтот во 2001 година.

– Сакаме да се расчисти случајот и да излезе правдината, кој е, зошто и како е убиството направено. Ова убиство не е зашто биле некому должни, туку ова е невиден злостор. Досега сме добивале многу ветувања, но тие сите биле празни, штом случајот не се расчистува, рече Начевски.

Илиевски и Трпковски беа убиени на 26 август 2001 година, од се уште непознати сторители. Тие загинаа откако биле врзани за потпорните столбови и кренати во воздух со мотелот „Бриони“ кај Челопек. Нивното загинување се случи две недели по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор и пет дена по разурнувањето на Лешочкиот манастир.

Во стара состојба е и разурнатиот мотел „Бриони“ бидејќи дел од албанското население од Челопек се спротиставува земјоделската задруга „Единство“ да продолжи да стопанисува со него.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com