HomeДЕНЕШНАПолитикаПетмина членови на ДИК со писмо до Вељаноски

Петмина членови на ДИК со писмо до Вељаноски

Петмина членови на ДИК со писмо до Вељаноски. Во него известуваат дека на гласачкото ливче ќе има само една партија и дека тоа е надвор од Уставот и изборниот законик, како и дека ДИК нема основа да организира избори. Писмото е потпишано од Игор Милев, Виолета Дума од СДСМ, Субхи Јакупи од ДУИ и претседателот и потпретседателот на ДИК, Алекснадар Чичаковски и Реџеп Прекопуца, кој со факсимил го потпишал од странство.

„Во ситуација на постоење на една кандидатска листа се загрозува и начелото на избалансирано медиумско претставување, загарантирано со член 75 и член 75А од изборниот законик. Со спроведување на избори во кои учествува само една кандидатска листа, би значело оттуѓување и пренесување на суверенитетот на граѓаните само на една политичка партија што е спротивно на член 1 и 2 од уставот на Република Македонија. Вака спроведените избори би биле нелегитимни и не кредибилни, а нивното одржување би претставувало целосна суспензија на уставно правниот поредок на Република Македонијa” – се вели во писмото на дел од членовите на ДИК.

Оваа иницијатива доаѓа по дводневните обиди на Дума и Милев Комисијата да одржи седница и да заземе став за оваа новонастаната ситуација. Членовите од ВМРО ДПМНЕ и од ДПА сметаат дека ДИК треба да продолжи со спроведувањето на изборите, без оглед дали на нив ќе учествуваат една или повеќе партии. Петмината потпишани сметаат дека ДИК мора да ги истакне овие факти бидејќи нејзина основна задача е да се грижи за законитоста во подготовката и во спроведувањето на изборите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com