HomeДЕНЕШНАПолитикаПетиција „Не за еврообврзницата“. НЕ за долгот кој Македонија не може да го отплати

Петиција „Не за еврообврзницата“. НЕ за долгот кој Македонија не може да го отплати

Страницата јавен долг.мк објави линк до граѓанска петиција “Не за еврообврзницата”, со која се повикуваат сите одговорни граѓани на Република Македонија, да се потпишат дека не ја признаваат еврообврзницата од 650 милиони евра

– Јас, одговорна граѓанка/одговорен граѓанин на Република Македонија, изјавувам дека не ја признавам еврообврзницата од 650 милиони евра која Владата сака да ја издаде и дека не сакам да го враќам тој долг во годините кои следуваат!, се вели во петицијата.

Во повикот за потпис на петицијата се наведува дека новото задолжувањето е можно да достигне милијарда евра за враќање.

– Деновиве, среде лето, среде политичка криза, среде секојдневни протести, во пресрет на избори, Владата објавува дека повторно ќе издава еврообврзница, со рочност од 10 години, во максимален можен износ од 650 милиони евра. Иако каматата се уште не е позната, може да се претпостави дека таа ќе биде значајно повисока од каматата на претходната еврообврзница. Така, доколку износот на евообврзницата е 650 милиони евра, а каматата 7%, на неа ќе платиме камата од 455 милиони евра. Што е тоа за најбрзорастечката економија во светот…, предупредуваат иницијаторите.

Вчера, екпертите нагласија дека доколку Македонија се задолжи со планираната сума од 650 милиони, земјава уште долги години нема да може да ја отплати ниту каматата, а камо ли главниот долг. Во Извештајот на центарот за економски анализи, е наведено дека оваа еврообврзница може да удри по џебот на граѓаните бидејќи ќе предизвика луцидно згоменување на даноците и казните.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com