HomeДЕНЕШНАСветПетиција за нов референдум, Лондон да биде независен

Петиција за нов референдум, Лондон да биде независен

По шокирачките резултати за Брегзит граѓаните се потпишуваат на масовна петиција за нов референдум која достигна поддршка од половина милион гласачи. Голем број на аналитичари, експерти и политичари не можат да се помират со фактот дека референдумот е успешен поради паранојата и ширењето на национализмот дека Британија ќе биде преплавена од мигранти и бегалци, претежно со исламска вероисповест.

Лондонскиот градоначалник Садик Кан изјави дека градот како посебна територијална единица ќе побара независно да одлучува и да остане во рамките на Европската Унија бидејќи излезот ќе биде катастрофален за економијата. Вчера беа загубени речиси 350 милијарди фунти како резултат на падот на вредноста на фунтата и на акциите на британските компании на берзите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com