HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПерез: Роналдо останува засекогаш

Перез: Роналдо останува засекогаш

Претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез истакна дека Кристијано Роналдо засекогаш ќе остане во „кралскиот“ клуб. Португалецот синоќа го постигна победничкиот пенал со кој Реал ја освои 11 титула во најелитното европско натпреварување, иако беше далеку од своето вообичаено ниво за време на натпреварот, што веројатно се должи на повредата која го мачеше.

„Нема да го продолжиме договорот со Роналдо следната недела бидејќи се ближи Европското првенство. Сакаме да остане со нас засекогаш бидејќи е еден од столбовите на клубот и дел од нашата историја“, изјави Перез. Реал по втор пат во последните три години го освои трофејот од Лигата на шампионите, а овој пат со Зинедин Зидан како тренер на тимот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com