HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПеп го надигра Мурињо, Сити славеше на „Театарот на соништата“!

Пеп го надигра Мурињо, Сити славеше на „Театарот на соништата“!

Манчестер Сити го порази Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ во првиот натпревар од четвртото коло од англиската Премиер лига со резултат од 1:2. Средбата на „Олд Трафорд“ започна со високо темпо, со доста трчање и пасови на двете страни, за првата шанса да ја има Пол Погба во седмата минута, кој сепак шутираше над голот. Натпреварот продолжи во истиот ритам, Сити прв пат се закани преку крилата, а веќе во 15 минута Сити дојде до предност.

Клаудио Браво одигра кратка топка до Коларов, левиот бек испрати долга топка, а Ихеначо спушти до Де Брујн. Белгијанецот почека топката да отскокне и потоа ја префрли покрај „скаменетиот“ Дејли Блинд, за потоа со удар по земја да го совлада Давид Де Хеа.

19463185957d3f6523b873550796501_w640

Ништо посебно не се промени во играта ниту во средината на првиот дел, екипата на Мурињо го засили притисокот со цел да дојде до изедначувачки погодок, но секогаш реагираа брзо и на време ги спречуваа заканите на „Црвените Ѓаволи“. Од друга страна, таквата ситуација им остави повеќе простор на напаѓачите на Сити, пред се на Нолито, кој во неколку ситуации брзоплето реагираше во нападот и прокоцка неколку прилики да го зголеми водството на „Граѓаните“.

Сепак, Сити пропуштените шанси ги надокнади во 36 минута откако успеа да се ослободи од притисокот. Топката дојде до Де Брујн во левиот дел од шестнаесетникот, одбраната на Јунајтед му дозволи лесно да се ослободи и да се намести на удар, но ја погоди само стативата. Меѓутоа, сега повторно главен виновник беше Блинд кој сега не излезе на време да направи офсајд замка, а тоа го казни Ихеначо кој лесно ја внесе топката во голот.

„Специјалниот“ беше оправдано лут на својата екипа, пред се на последната линија, а во тие моменти се чинеше дека „Ѓаволите“ немаат никакво решение за играта на ривалот.

199971487557d3fa17b7fd1286846892_w640

Но, големата грешка на дебитантите Стоунс и Клаудио Браво во 42 минута, заедно платени 80 милиони евра, ги чинеше Сити погодок. Браво непотребно истрча после центаршутот на десетина метри од голот, стоперот на Евертон очигледно не го следеше овој чекор на голманот. Топката му падна директно на нога на Ибрахимовиќ кој од прва без никакво размислување со одличен волеј постигна погодок за намалување на водството на 1:2.

Играта на гостите во тие моменти тотално се распадна, а малку недостигаше Златан во потполност да го врати својот тим во игра. Сепак, Чилеацот успеа да го спречи неговиот удар со глава, за потоа да се излвече од уште една прилика кога повторно непотребно истрча, па неговиот тим успеа некако да ја сочува предноста на полувреме.

208582939457d400b1b2c53697366798_w640

Второто полувреме започна со голем притисок на домашниот тим, а голема улога за тоа имаа и промените на Мурињо, кој веднаш на местото на катастрофалниот Михтарјан го внесе Ерера, односно Рашфорд на местото на „невидливиот“ Лингард. Токму Рашфорд беше двигател на играта во второто полувреме и само после 57 секунди игра имаше неколку одлични потези, а посебно се истакнува оној кога одлично го исфрли чуварот на половина од игралиштето, влезе во шеснаесетникот и го проигра Ибра, но Швеѓанецот во последен момент беше изблокиран.

Потоа, малку недостигаше дебито на Чилеанецот во дресот на Сити да се претвори во кошмар откако се одлучи да дрибла во сопствениот шестнаесетник, но си даде прејак фор, а на крајот сепак успеа да ја исфрли топката пред да стигне Вејн Руни. Во меѓувреме, Гвардиола го извади од игра Ихеначо и го внесе Фернандо, а на местото на Стерлинг влезе Лерој Сане.

162216724257d404bc00f48756165699_w640

Рашфорд продолжи да покажува зошто тој требаше да го започне овој натпревар, додека од другата страна гостинскиот тим имаше повеќе простор да се заканува преку контри. Де Брујн имаше голема шанса да го реши натпреварот но ја погоди само стативата. Јунајтед до крајот со сите сили тргна во напад влезе и Марсијал во игра, но Браво успеа некако да ја сочува мрежата и да спречи гол за изедначување.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com