HomeДЕНЕШНАСветПентагон се пофали со убиството на значаен лидер на ИД

Пентагон се пофали со убиството на значаен лидер на ИД

Пентагон излезе со официјално соопштение во кое тврди дека со дрон е убиен Хафез Саид Хан, лидер на ограноците на Исламска Држава во Пакистан и Авганистан, задолжен за координирање и извршување на терористички напади и регрутирање на нови борци за фронтот во Сирија.

Авганистанскиот амбасадор во Пакистан вчера, исто така, потврди дека Хан, заедно со своите команданти и војници, биле убиени од американско беспилотно летало во авганистанската област Кот, во провинцијата Нангархар.

Пентагон често сака да излегува со информации за убиства и елиминации на значајни лидери на терористичките организации како дел од успешната стратегија, но всушност и нема голем напредок во борбата со тероризмот бидејќи на местото на овие лица секогаш доаѓааат нови радикални и екстремни структура.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com