HomeДЕНЕШНАСкопјеПатнички автобус остана заглавен во конструкција на „Гоце Делчев“

Патнички автобус остана заглавен во конструкција на „Гоце Делчев“

Булеварот „Гоце Делчев“ е еден од најголемите предизвици за сообраќај во изминатиот период бидејќи интезивно се вршат градежните работи за изградба на надземниот плоштад „Скендербег“. Токму затоа сериозна штета претрпе еден патнички автобус од Тетово кој ја закачи поставената конструкција која ги одвојува двете сообраќајни лени, а поставен е и знак висина до 3 метри, пренесува Вечер.

Возачите со денови предупредуваат дека рамката е поставена прениско и дека автобусите на градскиот превозник ЈСП едвај минуваат со само неколку сантиметри слободен простор над покривот.

Извор: vecer.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com