HomeРЕФЛЕКТОРМузикаПарти мејкерот Дејвид Гета го закажа скопскиот концерт во јуни

Парти мејкерот Дејвид Гета го закажа скопскиот концерт во јуни

Дејвид Гета, благодарение на Авалон продукција, повторно ќе настапи пред македонската публика која веќе е премногу жедна да оди на журка на диџеј кој е во топ 10 бидејќи одамна не сме имале таква забава. Парти мејкерот Дејвид Гета ќе настапи на 5 јуни на арената „Филип Втори“ во Скопје и од него се очекува да направи мега 90 минутно шоу.
Како главно изненадување со Гета е најавен и специјалниот гостин Робин Шулц кој ни е доста познат последниот период со бројни електронски хитови „Prayer in C“, „Sugar“ и Sun goes down. Фестивалот Skopje Calling ќе биде дефинитивно главната летна атракција, па уште чекаме да ги дознаеме цените на билетите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com