HomeДЕНЕШНАПолитикаПартиите избраа свои членови на ад-хок телото за медиуми

Партиите избраа свои членови на ад-хок телото за медиуми

По предлог на СДСМ во новото ад-хок тело за медиуми ќе членуваат Горан Трпеноски од Вест и Љубомир Костовски од онлајн магазинот Глобус, додека пак ВМРО-ДПМНЕ ги одбра Слаѓана Димишкова од Вест и Цветин Чилиманов од МИА. Тие ќе имаат надлежност да ги надлегуваат медиумите на 100 дена пред избори со тоа што прво ќе опоменуваат, а потоа и ќе изрекуваат казни.

ad hok mediumi

Законот предвидува и членовите на телото да имаат право на месечен надоместок за својата работа во висина од три и пол просечни месечни плати во Македонија односно околу 80.000 денари. Треба да се одбере и петти незавиен член како експерт, а со оглед на тоа дека ДУИ и ДПА не предложија свои членови најверојатно треба да биде Албанец.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com