HomeФЕР ПЛЕЈОстанатиПараолимпијците Наковска-Бикова и Каранфилов по нови медали

Параолимпијците Наковска-Бикова и Каранфилов по нови медали

Оливера Наковска-Бикова и Ванчо Каранфилов како македонскит претставници на претстојните параолимписки игри во Рио се надеваат на повторување на успехот од Лондон и можеби освојување на нови медали иако првенствено се насочени кон остварување на добар пласман.

Во изминатите две децении, нашето спортско стрелаштво е најтрофејниот спорт, особено во делот на Параолимписките игри, почнувајќи од златото на Бранимир Јовановски на ПОИ во Барселона 1992, среброто на Ванчо Каранфилов во Атина 2004 и златниот медал на Оливера Наковска-Бикова во Лондон 2012. Овие тројца наши спортски великани се и носители на највисокото Национално спортско признание, популарната „спортска пензија”.

Настапите на нашите стрелци се закажани за 9 септември – воздушен пиштол 10м, а два дена подоцна ќе се одржи дисциплината спортски пиштол-25м. Последниот настап е закажан за 14 септември, кога ќе се одржи дисциплината малокалибарски пиштол-50 метри.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com