HomeРЕФЛЕКТОРФилмПаоло Сорентино режира филм за Силвио Берлускони

Паоло Сорентино режира филм за Силвио Берлускони

Ако имаме во предвид дека Силвио Берлускони наводно е љубител на добра забава, тогаш кој подобро би можел да режира филм за неговиот живот од Паоло Сорентино? За Сорентино ова не би било ниту прво искуство бидејќи тој веќе режираше филмови за познати италијански личности, а има и серија „The young pope“ која се емитува на HBO каналот. Меѓутоа, овој пат ќе режира филм за поранешниот премиер и неговите најблиски пријатели.

Според непотврдени шпекулации, Филмот би требало да се вика „Loro“, што во превод значи „Тие“, но алудирајќи на „L’oro“, односно „Злато“. Сорентино, чиј претходен филм „Youth“ со Мајкл Кејн и Пол Дејн беше исто така одлично оценет, веќе го пишува сценариото, па така снимањето на овој филм би можело да почне веќе следната година.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com