HomeДЕНЕШНАРегионПаника во Ниш: Се сруши плафон врз оперирани пациенти

Паника во Ниш: Се сруши плафон врз оперирани пациенти

Плафон се сруши во клинички центар во Ниш, во соба во која се опоравувале штотуку оперирани пациенти. За среќа никој не е поврден.

„Се слушна многу силен звук и се крена прашина. Се беше хаос околу нас, навистина се исплашивме“. Вака раскажуваат пациентите на одделот за хирургија на Клиниката во Ниш, кои се опоравуваат од тешки операции. Во собата каде престојуваат првите денови по операциите, се срушил плафон.

„Преплашени сфативме дека ни падна плафонот. Се допиравме да видиме дали сме целосни, да не имаме некаква повреда. Куп малтер падна пред нашите кревети и направи голема прашина и паника. Се исплашивме, но за среќа не сме повредени. Среќни сме што извлековме жива глава“, раскажуваат штотуку оперираните пациенти од Клиничкиот Центар во Ниш каде се одвивала драма.

Роднина на еден од пациентите за српскиот АЛО вели дека седнал и брзо возел до Клиниката кога му јавиле што се случило. И покрај стресот од операцијата, ова бил уште поголем шок за него. „Дотрчав на вториот кат и затекнав сцена како од филм, хорор сцена“. Жена која дошла да си го посети синот вели дека парче ја удрило по раката. „Сите викаа во паника“, вели роднината на пациентот. Тој додава дека неговиот роднина имаш тешка операција и длабока рана.

Прво почнала да тече вода од плафонот, па по десетина минути тој се срушил. Потоа пациентите веднаш биле изнесени од собата. Директорот на Клиниката потврдува дека паднал плафонот, во соба во која лежеле тројца пациенти. Случајот се истражува.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com