HomeДЕНЕШНАСветПаника во германско езеро, се трага по анаконда

Паника во германско езеро, се трага по анаконда

Во близина на баварскиот град Зехтанау во езерото била забележана голема анаконда која предизвикала паника, а во тек е потрагата по змијата, пренесуваат германските медиуми. После овој инцидент веднаш било забрането капењето во ова езеро, објави градоначалникот Себастијан Форстнер.

Тој додал дека анакондата пред две седмици прво ја забележале рибари и ловци, а еден очевидец ја фотографирал змијата, која била идентификувана како анаконда, со потекло од Јужна Америка, пренесуваат тамошните медиуми. Се претпоставува дека оваа змија била побегната или ослободена од засолниште за рептили како и тоа дека не претставува закана за човекот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com