HomeГОВОРНИЦАСтав„Панама Документите“ само открија дека богатите играат валкано

„Панама Документите“ само открија дека богатите играат валкано

„Документите од Панама“ како што е наречено најновото протекување на адвокатската фирма Монсак Фонсека која креирала над 200 илјади оф-шор компании за криење на пари, откри само едно нешто што веќе сите го знаеме, а тоа е дека најбогатите луѓе на светот играат валкано. Станува збор за само една фирма на Панама каде свои сметки имаат политичари, криминалци, спортисти, актери, индустријалци, моќници од над 200 држави во светот вклучувајќи ја и Македонија.
Протечувањето на овие податоци покажува дека даночните раеви како Панама „складираат“ барем една третина од светското богатство кое се наоѓа во рацете на само 10 проценти од популацијата, додека останатите се сиромашни или во рамките на просекот. Самото откривање го нарушува имиџот и на Панама како држава бидејќи тајните банкарски сметки и криењето на пари за избегнување на данок асоцира на криминални и црни пари, како и на компании со сомнително потекло.
Тоа треба да биде и поука за македонската влада која планираше формирање на финансиски зони со ниски даноци и речиси никаква економска регулација. Постоењето на оф-шор компании докажува дека вооошто не придонесува да се намали сиромаштијата и невработеноста на одредена земја која функционира како даночен рај, а тоа особено важи и за Панама каде економијата е во кризна состојба.

Автор: Христијан Станоевиќ

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com