HomeДЕНЕШНАСветПадна шпионски ловец на САД, пилотот загина

Падна шпионски ловец на САД, пилотот загина

Еден пилот загина, додека пак друг е повреден во необична авионска несреќа на американска авијација. По полетувањето со шпионскиот У-2 ловец од воениот аеродром Бијл во Калифорнија пилотите загубиле контрола и се урнале во планина на 97 километри северно од Сакраменто.

Станува збор за тренинг мисија и командирот на базата генерал Дејв Голдфајн вели дека е шокиран од загубата, но и порача на У-2 ескадрилата дека мора да ја надмине трагедијата. Авијацијата ќе истражува на кој начин пилотите се катапултурале и дали падобраните биле исправни.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com