HomeДЕНЕШНАСветПаднатиот авион на Egypt Air има траги од експлозив, можен ли е терористички акт?

Паднатиот авион на Egypt Air има траги од експлозив, можен ли е терористички акт?

Првичната истрага на француските воздухопловни истражители на остатоците на египетскиот авион „Ербас А320“ кој во мај се урна во Средоземното море пронашла траги на динамит на остатоците кои беа извлечени од океанот. Истрагата се води во Каиро, но учествуваат француски експерти бидејќи патничкиот авион се урна по полетувањето од Париз каде имаше зголемени терористички активности.

EgyptAir srusen avion

Египет сака да напише заеднички извештај со Франција, со цел заедно да го потврдат откривањето на траги од динамит. Париз го одбива тоа, бидејќи француските експерти не добиле можност подетално да го истража случајот.

Аудиозаписи од една црна кутија и други докази, покажуват дека во авионот избил пожар, но вистинската причина за падот се уште не е разјаснета.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com