HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПавле Трајанов преживеа директен судар

Павле Трајанов преживеа директен судар

Претседателот на Демократскиот сојуз на Македонија, Павле Трајанов преживеал сообраќајна несреќа. Во директен судир на возило Фијат Пунто со Шкода која била управувана од Трајанов, се повредени четворица кои се префрлени на клиника, а по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување. Трајанов нема повреди.

Сообраќајката се случила во саботата во 16 часот и 15 минути на автопатот Скопје Гевгелија, а утрово партијата на својот Фејзбук профил ја објави информацијата и фотографија од несреќата. Инаку, незгодата се случила кога во близина на мостот на Водисирска Река, возилото кое доаѓало од спротивен правец престигнувало цела колона, на полна линија и директно удрило во возилото на Трајанов кое се движело во својата лента.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com