HomeДЕНЕШНАПолитикаПавле Трајанов предлага Македонија да биде една изборна единица

Павле Трајанов предлага Македонија да биде една изборна единица

Демократскиот сојуз предлага Република Македонија да биде една изборна единица, како основа за демонтажа на еднопартискиот систем и јакнење на одговорноста при носењето круцијални одлуки и владеење на правото, вели лидерот на партијата, Павле Трајанов.

„Во рамките на приоритетните реформи кои треба да ги спроведа реформската Влада, а се очекува да се формира во текот на овој месец, предлагаме да бидат и промените во изборната регулатива, при што најбитно е да остане пропорционалниот изборен модел, а Република Македонија да биде една изборна единица. Во ова насока очекуваме и нов систем за евидентирање на гласачите, електонско гласање, како и целосна професионализација на ДИК“ – рече Трајанов.

Ако Македонија биде една изборна единица, составот на Парламентот ќе биде реален одраз на волјата на граѓаните, но и во голема мера ќе се намалат можностите за кршење на изборните правила, партиите ќе морат да соработуваат и ќе се создадат услови за поодговорно владеење.

„Ги повикуваме политичките партии, граѓанските асоцијации и сите граѓани, доколку се за промени, правда и одговорно владеење, да ја подржат оваа иницијатива. Демократскиот сојуз очекува коренити реформи и во правосудството, системот за безбедност, медиумите, департизациија на институциите, како битни предуслови за организирање на фер, демократски и кредибилни избори“ – кажа Трајанов.

Овој изборен модел отвора можност и за помалите и новоформираните партии, но и за помалите етнички заедници, додава Трајанов.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com