HomeФЕР ПЛЕЈФудбалОчекувано- Англичаните се во потрага по нов селектор!

Очекувано- Англичаните се во потрага по нов селектор!

Рој Хоџсон повеќе не е селектор на Англија. Тој после елиминацијата од Исланд во осминафиналето од Европското првенство си поднесе оставка, иако договорот со ФА секако му истечуваше и секако ќе добиеше отказ откако Англија се посрамоти. Англија беше апсолутен фаворит против дебитантите на Европското првенство, но Исланѓаните после пресврт дојдоа до историска победа и четвртфинале со 2:1.

Рој Хоџсон претходните неколку месеци чести беше на удар на критики во англиската јавност поради своите необјаснливи одлуки, кои на крајот му пресудија. На ова Европско првенство никако не се прослави, бидејќи ремизираше и со Русија и Словачка и едвај го победи Велс во продолжението.

Хоџсон ја водеше репрезентацијата на Англија од 2012 година дојде како замена за Фабио Капело. Иако се посрамоти и на Светското првенство откако Англија испадна од групната фаза, ФА имаше трпение со него, што на крајот излезе како многу лоша одлука.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com