HomeФЕР ПЛЕЈФудбалОфицијално: Трансфер на деценијата во Германија!

Официјално: Трансфер на деценијата во Германија!

Германскиот фудбалски репрезентивец Марио Геце го напушти Баерн Минхен и се врати во Борусија Дортмунд, потврдија „милиониерите“ на својот сајт. Тој со тимот од Дортмунд потпиша договор до 2020 година, а во клубот ќе се врати после три години поминати во лутиот ривал Баерн.

BVB

Ова дефинитвно ќе биде тема за која ќе се зборува во цела Германија во наредните неколку денови, бидејќи навивачите се уште не се заборавиле како Геце ги издаде и пред самото финале во Лигата на шампионите во 2013 година токму против Баерн Минхен го откри неговиот трансфер во редовите на најголемиот ривал.

„Кога заминав во Баерн во 2013 година, бев свесен за одлуката зад која нема да се кријам денес. Три години подоцна, гледам различно на таа одлука и добро ги разбирам навивачите кои неможеа да ја разберат. Мојата цел е повторно да заиграм најдобар фудбал и да ги направам среќни навивачите и клубот“, изјави 24-годишниот везист за клубскиот сајт.

Klop i Gece

Во текот на трите сезони поминати во Баерн, запиша 114 настапи, со 36 погодоци и три титули во Бундеслигата, два купа, УЕФА Суперкуп и ФИФА Светското клупсо првенство. За Борусија Дортмунд одигра 116 наптевари, со 31 погодок и две титули шампион во Германија и Куп, додека играше и финале во Лигата на шампионите против Баерн во кое беше поразен.

Со репрезентацијата на Германија го освои Светското првенство во 2014 година, а со неговиот погодок во финалето против Аргентина, „панцерите“ ситгнаа до оваа титула.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com