HomeФЕР ПЛЕЈФудбалОфицијално: Сити го доведе второто големо засилување

Официјално: Сити го доведе второто големо засилување

Повеќе нема дилеми, шпанскиот напаѓач и официјално ќе ги засили редовите на Манчестер Сити. Напаѓачот на Селта Виго, Нолито ќе премине во редовите на Манчестер Сити по завршувањето на Европското првенство, потврди неговиот роднина Маноло Родригез. Претходните неколку дена се шпекулираше дека Пеп лично го повикал Нолито, а тоа сега го потврди и неговиот роднина. Откупната клаузула на Нолито изнесува 18 милиони евра.

„Нолито дефинитивно заминува, само се чека да заврши Европското првенство и да го реализа својот трансфер во Манчестер Сити. Тоа е еден од најдобрите тимови во Европа, а покрај тоа, клубот има пари за вистински засилувања. Гвардиола го повика Нолито пред неколку дена и тој ќе замине во Сити само поради него. Да беше било кој друг тренер на клупата на Сити, мислам дека Нолито немаше да замине таму“, изјави Маноло Родригез.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com