HomeФЕР ПЛЕЈФудбалОфицијално, Свонси направи рекорден трансфер!

Официјално, Свонси направи рекорден трансфер!

Свонси Сити купи напаѓач за 15.5 милиони фунти, што е нов клупски рекорд! Единствениот Премиерлигаш од Велс денес го претстави Борха Бастон. 24-Годишниот Шпански напаѓач беше купен од Атлетико Мадрид, каде никогаш не доби вистинска прилика да се докаже. Минатата сезона „експлодираше“ во дресот на Еибар, постигнувајќи 18 погодоци во Примера, но ни неговиот одличен голгетерски учинок не беше доволен да го убеди Симеоне за да остане во клубот.

Тој ги помина сите помлади категории во Атлетико Мадрид, но во сениорскиот тим доби шанса само на еден натпревар. Бастон стави потпис на четиригодишен договор со Свонси и го зема дресот со број 10. Борха Бастон сега стана најскапиот фудбалер на велшкиот клуб со трансфер вреден 15.5 милиони фунти, а на тој начин беше срушен рекордот во 2013 година од 12 милиони фунти за да биде доведен Вилфрид Бони од Витесе.

borha baston

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com