HomeДЕНЕШНАСветОфицијално: САД ја добија првата жена кандидат за претседател

Официјално: САД ја добија првата жена кандидат за претседател

За прв пат во историјата на САД, фаворит во трката за претседател е жена. Хилари Клинтон официјално беше избрана за кандидат за претседател на американските демократи. На партискиот конгрес во Филаделфија 68-годишната Клинтон доби апсолутно мнозинство гласови на делегатите, по што во наредниве сто и неколку дена ќе тргне во битка со Доналд Трамп, нејзиниот републикански конкурент, за местото во Белата куќа.

-Ова е извонредна чест што ми ја дадовте. Ова е ваша победа и ова е навистина ваша вечер. Доколку има девојчиња кои се уште не заспале и ме гледаат само да им кажам дека може да станам првата жена претседател на САД. Но некоја од вас е следната, рече Клинтон.

Според правилата, Хилари Клинтон в четврток, на последниот ден на конвенцијата, формално ќе ја прифати номинацијата.

Анкетите на Ројтерси/Ипсос, чии резултати беа објавени вчера првпат од мај му даваат предност од два отсто на Трамп во однос на Клинтон. Според резултатите 39 отсто од анкетираните би гласале за Трамп, додека 37 отсто за Клинтон, а два проценти не би гласале за ниту еден од нив.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com