HomeФЕР ПЛЕЈФудбалОфицијално: Мурињо нов тренер на Манчестер Јунајтед

Официјално: Мурињо нов тренер на Манчестер Јунајтед

Жосе Мурињо е нов тренер на Манчестер Јунајтед, потврди клубот од Олд Трафорд. Португалскиот тренер стави потпис на тригодишен договор, а на клупата на најславниот британски клуб ќе го замени холанѓанецот Луј Ван Гал, кој доби отказ на крајот од оваа сезона. Мурињо беше без работа уште од декември минатата година, кога доби отказ во Челси после серија од многу лоши резултати, само една година откако ја врати титулата на Стемфорд Брич.

Околу доаѓањето на поранешниот тренер на Порто, Реал Мадрид, Челси и Интер на Олд Трафорд се шпекулираше постојано, а сега конечно добивме и официјална потврда. Се требаше да биде завршено уште многу порано, но проблем беше тоа што „плавите“ се уште имаа права врз него, преку продажбата на навивачки реквизити.

Мурињо

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com