HomeФЕР ПЛЕЈФудбалОфицијално: Мурињо го донесе првото засилување во Јунајтед

Официјално: Мурињо го донесе првото засилување во Јунајтед

Централниот дефанизивец Ерик Бејли е нов фудбалер на Манчестер Јунајтед и воедно прво засилување на „Црвените ѓаволи“ под водство на Португалецот Жозе Мурињо. Репрезентативецот на Брегот На Слоновата Коска стави потпис на четиригодишен договор, со можност за продолжување на договорот на уште две години.

„Доаѓањето во Манчестер Јунајтед е исполнување на сонот за мене. Од секогаш имав желба да играм фудбал на највисок ранг. Сакам да напредувам за да можам да го прикажам најдоброто од мене, верувам дека работата со Жозе Мурињо ќе ми помогне ќе ми помогне да напредувам во вистински правец. Со големо нетрпение чекам да ги запознаам новите колеги од тимот и да го заочнам новото поглавје во мојот живот“, изјави Бејли.

Ерик Бејли

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com