HomeФЕР ПЛЕЈФудбалОфицијално, Манчестер Сити и „украде“ засилување на Барселона!

Официјално, Манчестер Сити и „украде“ засилување на Барселона!

Каталонската екипа загуби уште една битка за офанзивец и тоа благодарејќи на својот поранешен тренер. Габриел Хесус е ново засилување на Манчестер Сити! Палмериас за услугите на овој 19-годишен Бразилец, кој после само две сезони во дресот на овој клуб предизвика огромен интерес кај европските клубови, ќе заработи 27 милиони фунти.

gabigol

Ова момче во дресот на Палмериас постигна 26 погодоци на 67 натпревари, а благодарение на добрите партии доби и повик од селекцијата на Бразил која ќе игра на фудбалскиот турнир на предстоечките олимписки игри во Рио. Тој нема веднаш да стане член на Сити, туку до крајот на годината ќе продолжи да ги брани боите на Палмериас.

gabigol 2

„Манчестер Сити е еден од најдобрите клубови во светот и сум презадоволен што потпишав за нив. Имаме одлични поединци во тимот и одличен тренер како Гвардиола од кој имаме многу да научиме. Со големо нетрпение чекам да им покажам на навивачите на Сити што умеам и мислам дека заедно ќе имаме одлична иднина“, изјави младиот Бразилец.

Хесус стави потпис на четири и пол годишен договор со „Граѓаните“, а на клубот ќе му се приклучи во декември. Бразилецот наводно донел одлука да му се приклучи на Манчестер Сити и покрај понудите кои ги имал од Реал Мадрид, Барселона, Јунајтед, Јувентус и Интер, благодарејќи на телефонскиот повик на Пеп Гвардиола.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com