HomeФЕР ПЛЕЈФудбалОфицијално: Гундоган нов фудбалер на Манчестер Сити

Официјално: Гундоган нов фудбалер на Манчестер Сити

Фудбалерот на Борусија Дортмунд Илкај Гундоган го договори трансферот во англискиот клуб Манчестер Сити вреден 27 милиони евра. Според овие информации, германскиот репрезентативец ќе стави потпис на четиригодишен договор со „граѓаните“ и така ќе биде првото засилување на новиот тенер на Сити Пеп Гвардиола.

Шпанскиот тренер лично инсистирал да се случи овој трансфер, бидејќи тој многу добро го познава Гундоган следејќи ги неговите настапи како тренер на Баерн во Бундеслигата. Гундоган за време на својата кариера настапуваше уште за Бохум и Нирнберг, за потоа во мај 2011 година во трансфер вреден 4 милиоми евра да премине во редовите на Борусија Дортмунд.

Со „милионерите“ ја освои Бундеслигата, Купот и Суперкупот во Германија, додека играше и финале лига на шампиони каде неговиот тим беше поразен од Баерн Минхен. Дресот на репрезентацијата на Германија го носеше 16 пати постигнувајќи четири погодоци, по поради повреда на коленото ќе го пропушти престоечкото Европско првенство во Франција.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com