HomeФЕР ПЛЕЈФудбалОфицијално: Барселона го засили средниот ред

Официјално: Барселона го засили средниот ред

Досегашниот фудбалер на Виљареал Денис Суарез е нов член на Барселона. Како што беше потврдено на официјалниот сајт на клубот, Денис Суарез потпишал договор до 2020 година, со откупна клаузула од 50 милиони евра. Барселона ја искористи „buy back“ клаузулата во договорот и му плати на Виљареал само 3.25 милиони евра за да го врати Денис Суарез на „Камп Ноу“.

Суарез утре ќе биде и официјално претставен како нов фудбалер на Барселона и второ засилување на каталонците за ова лето откако во клубот претходно стигна дефанзивецот Самуел Умтити од Лион. Инаку, овој 22-годишен фудбалер од средината на теренот во Барселона пристигна во 2013 година, а после одличните партии во дресот на Барселона Б беше пратен на позајмица во Севиља.

Минатото лето беше продаден на Виљареал со можност за откуп, а токму тоа и го искористи сега Барселона. Суарез игра на позицијата везен фудбалер, а во системот од 4-3-3 на Барселона по потреба ќе може да ја покрива и левата крилна позиција, што неретко ја играше во Виљареал, но во нешто поразлична формација.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com