HomeДЕНЕШНАПолитикаОфицијална листа на политичари за кои не важи помилувањето

Официјална листа на политичари за кои не важи помилувањето

На официјалната листа на политичарите за кои претседателот Ѓорге Иванов ја повлече аболицијата се наоѓаат лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Никола Груевски, поранешните министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиески, поранешниот дирекорот на УБК Сашо Мијалков, претседателот на Собранието Трајко Вељановски, поранешниот претседател Бранко Црвенковски, поранешниот министер за земјоделство Љупчо Димовски, генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски, лидерот на ДПА, Мендух Тачи, советникот во Владата, Мартин Протоѓер, членот на ДИК Бедредин Ибраими, како и функционерите од локалната власт Коце Трајановски, Ирена Мишева, Тони Трајковски, Владимир Талевски и Владимир Тодоровиќ, директорот на затворот Идризово Живко Пејковски, високиот функционер во МВР Тони Јакимовски, членот на општинската изборна комисија во Чаир Исмет Гури, екс разузнавачот Зоран Верушевски и Бранко Палифров, обвинети во случајот „Пуч“.

Останатите 34 лица можат да поднесат лични барања за поништување на нивните одлуки за помилување. Со одлуката од 12 април годинава, претседателот Иванов помилува вкупно 56 лица. Во образложението на одлуката наведе дека ја донел во интерес на државата и на нацијата со цел да и стави крај на политичката криза.

Граѓаните не мислат така. Тие секојдневно протестираат против скандалозната одлука на претседателот, а револтот дополнително се зголеми откако аболиција стана селективна. И меѓународната заедница неколкупати апелираше до Иванов да ја повлече одлуката.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com