HomeДЕНЕШНАСветОтровен гас пуштен над сирискиот град каде беше срушен рускиот хеликоптер

Отровен гас пуштен над сирискиот град каде беше срушен рускиот хеликоптер

Сириската спасувачка служба соопшти дека хеликоптер исфрлил контејнери со отровен гас врз градот Саракиб, кој е во близина на местото каде беше соборен рускиот воен хеликоптер.

Портпаролот на Сириската цивилна одбрана (СЦО) изјави дека 33 лица, претежно жени и деца, настрадале од гасот во градот Саракиб.

СЦО, која се претставува како неутрална група на доброволци за спроведување спасувачки операции, објави снимка на Јутјуб, на која се гледа маж како тешко дише и кој добива противгас од лица во униформи на цивилната заштита.

Преставници на СЦО на местото на нападот со сомневаат дека станува збор за хлор, но не можат да го потврдат тоа.

– Паднаа буриња со средна големина со токсичен гас. СЦО не може да утврди за каков гас станува збор, изјави портпаролот на организацијата.

Сепак, портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков ги оцени како клевета медиумските тврдења дека во сирискиот реон, каде што вчера беше соборен руски воен хеликоптер, бил исфрлен отровен гас.

– Немаме информација за текот на операцијата. На вакви клевети секогаш е многу тешко да се реагира. Никогаш не е јасно врз какви докази и извори се засноваат ваквите тврдења, истакна Песков.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com