HomeАЈНШТАЈНИЈААрхеологија и ИсторијаОткриен воен дневник на Химлер во Москва. Што се случувало во главата на егзекуторот на 6 милиони луѓе

Откриен воен дневник на Химлер во Москва. Што се случувало во главата на егзекуторот на 6 милиони луѓе

Во неодамна пронајдените дневници на командантот на злогласните нацистички СС единици, Хајнрих Химлер, се опишува секојдневието на еден од организаторите на холокаустот кој во смрт испрати милион евреи и припадници на други нации. Германскиот најтиражен дневен весник Bild објави серија од воените дневници на Хајнрих Химлер, кои неодамна беа откриени во Русија, во коишто нацистичкиот челник до детали го опишувал своето секојдневие.

Еден ден бил на масажа, напишал Химлер, непосредно пред да ја издаде наредбата за погубување на десетици Полјаци. И допишал дека уживал во оброкот во концентрациониот логор Бухенвалд. Запишал, исто така, дека СС единиците тренираат кучиња кои би можеле да „распарчат луѓе“ во концентрациониот логор Аушвиц. Во еден од записите од 1943 година, Химлер раскажува како во утринските часови ги проверувал гасните комори во логорот Собибор, а истиот ден вечерал придружуван со офицерите.
himlerИсторичарите следната 2017 година овој дневник ќе го објават како книга, којашто според прописите ќе биде проследена со белешки и коментари на историчарите.

Хајнрих Химлер бил еден од малкутемина во елитниот круг околу нацистичкиот фирер Адолф Хитлер и носел официјално звање „Рахјсфирер СС“. Командувал со ескадроните на смртта и Гестапо кои убивале евреи, Полјаци, советски селани и воени заробеници, Роми и сите коишто ги сметале за „инфериорна раса“.

Кога сојузничките сили во 1945 година напредувале кон Берлин се обидел да побегне облечен во униформа на обичен војник, но бил уапсен од британски војници. Тогаш 44-годишниот Химлер извршил самоубиство на 23-ти мај 1945 година испивајќи капсула со цијанид којашто ја носел во заб.

Неговите дневници ги проучувал Германскиот историски институт во Москва. Научниците ги опфатиле годините 1938-ма, 1943-та и 1944-та, а пронајдени се во архивот на руското министерство за одбрана во Подолски, град јужно до Москва. Историчарите претходно од дневниците на Химлер ги обработија годините 1941-ва, 1942-ра и 1945-та, а до неодамна не беа ниту свесни дека еден дневник недостига.

Во јануари 2014 година беа пронајдени стотици писма на Химлер адресирани до неговата сопруга Маргарет, кои беа пронајдени во приватен дом во Израел. Покрај писмата, беа најдени и различни фотографии, џебни нотеси со белешки своерачно направени од една од централните фигури на Третиот Рајх.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com