HomeДЕНЕШНАРегионОткриени 4 терористички кампови во Турција со 15.000 борци

Откриени 4 терористички кампови во Турција со 15.000 борци

Четири кампови на различни терористички организации, во кои се наоѓаат речиси 15. 000 лица, се наоѓаат на територијата на Турција до границата со Сирија, пренесе агенцијата Доган, повикувајќи се на извадоци од полициски извештај, подготвен за обвинителството.

Групите Исламска држава, Джебхат ан-Нусра, Кетибет ул-Талибан создале 4 кампови за вежбање во близина на границата со Сирија. Во нив се наоѓаат околу 14.700 борци. Тоа се камповите Атман, Аекробат, Анадан и Хариман-Тафар Такхарим, се вели во извештајот на полицијата од Дијарбакир. Во него се наведува дека борците кои се во овие кампови, доаѓаат од Кавказ, Средна Азија, Блискиот Исток и Северна Африка.

Подготовката на оваа инфраструктура е започната уште во почетокот на 21 век и е организирана од Ал Каеда, кон која подоцна се приклучија и други терористички организации. По избувнувањето во 2011 година на кризата во Сирија групите го пренасочуваат вниманието токму кон таа земја.

„За обезбедување на борците со муниција се користеле легални и нелегални можности за преминувањето на турската граница. За жал фактот дека територијата на Турција се користи од терористите за упад во Сирија, штети на меѓународниот имиџ на нашата земја, која се обидуваат да ја претстават како помошник на овие групи, се констатира во извештајот.

Полицијата предупредува дека „во никој случај не треба да се занемарува можноста од терористички напади во Турција, бидејќи активностите на групите во Сирија директно се одразуваат на Републиката“.

„Исламска држава планира напади во Турција, за да ја принуди Анкара да се вклучи во војната во Сирија. Цел на терористите можат да бидат безбедносни органи во провинцијата Санлиурфа. Постојат разузнавачки податоци дека меѓу целите се Анкара и Истанбул, каде што има многу амбасади“, се истакнува во извештајот. Исто така се додава дека терористите планирале илегално да внесат во Турција 10 автомобили-бомби.

„Во последниве месеци се зголеми бројот на турските граѓани кои учествуваат во судирите во регионот и вршат смртоносни напади во Турција. Странци и Турци, повредени во судирите во Сирија, се сместени во болници во пограничните области на Турција, каде се регистрирани со сириски имиња и фамилии“, се вели во документот. Освен тоа, во Турција различни организации и имами водат пропаганда во корист на Исламска држава и учеството во војната во Сирија. На терористите исто така им помагаат и некои сириски бегалци. Полицијата смета дека демократска и секуларна Турција е една од главните цели на Исламска држава во регионот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com