HomeАНТИСТРЕСШтосноОткако бил спасен од запален авион во Дубаи, освоил милион долари!

Откако бил спасен од запален авион во Дубаи, освоил милион долари!

Шест дена откако со брза реакција на екипажот „Емирати“ бил спасен од авионот кој се запалил при слетување во Дубаи, Индиецот Мухамед Башир Абдул Кадар освоил милион долари на лотарија. Тој вери дека бог го чувал токму поради таа причина! Кадар се наоѓал меѓу 300 патници и членови на екипажот кои со летот ЕК521 пристигнале од Индија во Дубаи. Минута пред овој авион да се претвори во вистинска огнена топка, Индиецот бил евакуиран на пистата преку тобоган.

Тогаш славел што остана жив после ударот на леталото во пистата, а нешто помалку од една недела подоцна добил уште една причина за славење. Тикетот кој го купил пред да замине на одмор со семејството во јужната индиска држава Керала, бил добитен! Овој 62-годишен продавач на автомобили во еден салон во Дуубаи, освоил награда во вредност од милион долари.

dubai 2

„Работам во Дубаи веќе полни 37 години и од секогаш се чувствувал како да сум дома. Живеам едноставен живот и сега, кога е време да одам во пензија, имам чувство дека Господ ми подари уште еден живот за живеење после оваа авионска несреќа“, изјави Кадар.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com