HomeДЕНЕШНАРепубликаОтец Пимен повика да се дели храна и на гладните и бездомните

Отец Пимен повика да се дели храна и на гладните и бездомните

Отец Пимен повика за Задушница верниците да не ја следат само формата туку и суштински да се покажат за празникот со делење на храната и на гладните и бездомните, односно на тие на кои најмногу им треба.

– Еден совет за кој не би било лошо да размислите пред спиење. Имено, утре многумина од вас ќе отидат на гробишта и ќе однесат многу храна која ќе си ја раздавате, за помен на починатите, меѓусебно. Со тоа чиниме милостина во име на починатиот. Свештениците ќе ги споменат починатите на парастасот. Но, освен молитвата каква полза би имале починатите од раздавањето на храната кога ја даваме на луѓе кои имаат доволно?

Затоа ве советувам и замолувам да не ги одвраќате сиромашните кои ќе дојдат до вас и ќе ве замолат да им дадете нешто. Тие навистина ќе ја употребат дадената храна и нема да ја фрлат во корпите. Донирајте храна и во народните кујни, во детските домови, во затворите и интернатите. Секако го правите трошокот, порача тој од лично име.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com