HomeАНТИСТРЕСПатувањеОтворен Хотел Гогов за уживање на Малешевските планини

Отворен Хотел Гогов за уживање на Малешевските планини

Македонија со своите природни убавини нуди широки можности за авантуристички екскурзии низ целата година. Позната како планинска земја, богата со четириесетина планини и планински масиви, Македонија е одлична можност за сите оние кои сакаат да ги истражат вистинските природни убавини, а исто така и да избегаат од секојдневието и да си дозволат одмор и релаксација.

Едно од местата кое заслужува да биде посетено е новоотворениот Хотел Гогов, кој што се наоѓа во срцето на градот Пехчево, и е првиот и единствен хотел во центарот на градот, опкружен со густите борови и дабови шуми на Малешевските планини.

Hotel Gogov - Pehchevo (3)

Хотел Гогов го претставува сето она што му недостигаше на градот повторно да се разбуди и да привлече бројни туристи, кои ќе можат да уживаат во малешевски природни убавини во секоја временска сезона. Покрај чистиот планински воздух неопходен за добар одмор, во склоп на Хотел Гогов има и СПА центар опремен со финска сауна и парна бања, џакузи, како и посветен стручен тим за различен тип масажи, за уште поголемо уживање и вистинска релаксација.

Ресторанот на Хотел Гогов и летната тераса, со вкупен капацитет за 150 гости, нудат разновидни јадења, подготвени на традиционален начин, типичен за малешевското поднебје. Според локалната традиција оваа кујна изобилува со млечни производи, печива и разни рецепти од тесто, месни деликатеси печени во фурна, речна пастрмка, горски печурки, слатка од шумски плодови и уште многу други локални и традиционални специјалитети кои треба да се откријат и вкусат.

Дополнително, Хотел Гогов располага со капацитети и услуги за семинарски туризам, со комплетно опремен конгресен центар.

Hotel Gogov - Pehchevo (7)

За волја на вистината, и покрај сето ова што е во понудата – удобностите на Хотел Гогов, навистина би било штета да не се искористи и уживањето во природата. Па токму за таа намена, Хотел Гогов за своите гости има обезбедено туристички водичи и понуди за рекреативните прошетки низ малешевските шуми, за тури до седумте водопади на реката Брегалница, археолошкиот локалитет Света Петка, туристичката населба Равна Река, карпестата формација Вртена Скала, авантуристичкиот парк Панорама Пехчево, како и адреналинската патека и ZIP линијата долга 240 метри.

Ако навистина сте љубител на природата и планинскиот туризам, тогаш резервирајте си повеќе од еден ден во Хотел Гогов и посетете го Пехчево и Малешевски планини.

Хотел Гогов располага со модерно опремени стандардни и супериор соби, како и апартмани. Вкупниот капацитет на Хотел Гогов е за 50 гости.

На надморска височина од над 1000 метри, Хотел Гогов е онаму каде што воздухот е здравје, одморот не е луксуз, а гурманските специјалитети се задолжителни.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com