HomeСТУДЕНТУМОтворен ден на УКИМ за идните студенти

Отворен ден на УКИМ за идните студенти

Универзитетот Св. Кирил и Методиј четврта година по ред организира настан каде на едно место се собрани сите факултети кои на студентие им ги промовираат можноститетие ги  нудат доколку се запишат на некој од нив. Со почеток во 10 часот денес во кругот на универзитетот секој факултет заедно со образовните кадри им ги објаснуваа на матурантите своите програми на највисоко рангираниот универзитет во Македонија, Св. Кирил и Методиј. Настанот е отворен до 17 часот попладне, а покрај запознавањето на идните академски граѓани со можностите кои им ги нудат факултетите, за посетителите е оганизирана и голема забава со разни бендови.

Во разговор со матурантите за тоа каде планираат да го продолжат своето образование, голем интерес покажаа кон економскиот факултет, но не беа изоставени и техничките факултети. Покрај тоа што овој настан се организира примарно за учениците од четврта година средно, претставува и добра можност за сите оние кои се заинтересирани за постдипломските студии, да ги најдат потребните информации токму тука.

Автор: Емилија Анчевска

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com