HomeДЕНЕШНАСветОсумгодишни девојчиња – најсмртоносното оружје на Боко Харам

Осумгодишни девојчиња – најсмртоносното оружје на Боко Харам

Бројот на нападите на деца бомбаш-самоубијци, пред се девојчиња, припадници на Боко Харам во текот на минатата година порасна за 11 пати, соопшти УНИЦЕФ. Децата бомбаши-самоубијци се воглавно осумгодишни девојчиња, кои нападите ги изведуваат во училиштата и трговските центри низ Западна Африка.

Самоубиствените напади се проширија надвор од границите на Нигерија, со се поголем број напади од страна на деца кои бомбите ги кријат под блузите или во торби.

– Употребата на децата, особено девојчињата, како бомбаши-самоубијци стана алармантна карактеристика на овој судир. Боко Харам ги воспитува децата со лепење на бомби на своето тело да се свртат против сопствената средина, а за некои се претпоставува дека не знаеле оти носат бомби, оцени регионалниот потпарол на УНИЦЕФ, Лоран Дувилие.

Според него, во 2014 година имало четири напади кои ги извеле деца, додека лани биле избршени 44 напади од деца-бомнбаши, во најголем број во Камерун и Нигерија.

Американската армија од своја страна оцени дека не е јасно како Боко Харам ги убедува девојчињата да го изведат нападот. – Но, оние кои се силувани имаат се психички нарушување и така се подложни на послушност во секој облик, се наведува во соопштението од војската на САД.

„Амнести интернешнал“ проценува дека Боко Харам киднапирал околу 2.000 жени и девојчиња во 2014 година, кои ги користи како сексуални робинки и бомбаши-самоубијци.

– Три четвртини од бомбашите-самоубијци се девојчиња, а киднапираните момчиња се приморани да ги напаѓаат своите семејства со цел да докажат дека се лојални на Боко Харам, се наведува во соопштението на УНИЦЕФ.

„Хјуман Рајтс Вок“ денеска потврди дека „речиси милион нигерски деца не посетуваат настава, бидејќи Боко Харам уништи повеќе од 900 училишта и стрелаше повеќе од 600 учители.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com