HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиОсуда од ССНМ за нападот врз новинарите на контрапротестите

Осуда од ССНМ за нападот врз новинарите на контрапротестите

ССНМ бурно реагира на настани  што се случија изминативе денови, кога на контрапротести вербално беа нападнати новинари. Првиот случај е кога на контрапротест во Штип, новинарка од националното радио Канал 77 била избркана и не и било дозволено да го следи настанот. Откако била избркана, побарала помош од полицијата меѓутоа, тие ја советувале дека најдобро би било да се повлече од настанот. Вториот настан се случил во Велес кога претставници од велешкото Здружение на пензионери, дрско реагирале на новинарите, нарекувајќи ги странски службеници и платеници.

–  Кога ќе се случат вакви два големи инциденти во само еден ден и кога ниту една институција нема да реагира, јасно е зошто Македонија е на дното од сите релевантни листи што ја мерат слободата на говорот и на медиумите во светот.“, се вели во соопштението на ССНМ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com