HomeДЕНЕШНАСветОстварен највисокиот скок без отварање на падобран!

Остварен највисокиот скок без отварање на падобран!

Лук Ајкинс од висина од 7.620 метри, без отварање на падобран, слета успешно на мрежа од 30 метри квадратни во долината Сими во јужна Калифорнија. Со овој скок 42-годишниот Ајкинс стана првиот човек во светот кој од толкава висина скокнал од авион без падобран, слетувајќи на мрежа, потврди неговиот портпарол Џастин Ејклин.

Целиот лет траел нешто повеќе од две минути, а Лук паѓал со брзина од 240 километри на час. „Скокот на Ајкинс претставува кулминација на неговата 26-годишна кариера, со кој постави личен и светски рекорд за највисок скок без падобран или костим за летање“, истакна Ејклин.

Околу мрежата биле поставени светла за да му помогнат полесно да го препознае местото на кое треба да слета. „Би излажал ако кажам дека не сум нервозен“, изјави Ајкинс пред да го изведе скокот.

sletuvanje

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com