HomeДЕНЕШНАРепубликаОсомничен во „Тврдина“ ќе се бори со криминал во регионот

Осомничен во „Тврдина“ ќе се бори со криминал во регионот

Еден од осомничените во случајот „Тврдина“, Тони Јакимовски, шеф на кабинет на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, доби унапредување во кариерата. Тој стана генерален директор на Југоисточниот европски центар за спроведување на законот ( SELEC), меѓународно тело за борба со криминалот, вклучувајќи организиран криминал во Југоисточна Европа, пренесе НОВА.

Јакимовски е еден од осомничените од страна на СЈО во случајот „Тврдина“, како и еден од помилуваните од претседателот Ѓорѓе Иванов.

Според биографијата на Јакимовски, достапна на веб сајтот на оваа меѓународна мрежа, тој од 2014-та до 2016-та година работел како Национален координатор за борба против тероризмот, минатата година бил помошник директор за координација во МВР и УБК, додека од 2006-та до 2015-та е раководител на Сектор за координација во МВР и УБК.

Седиштето на меѓународната мрежа за борба со организиран криминал е во Букурешт, Романија, што најверојатно за новиот генерален директор ќе значи дека треба да се пресели во оваа земја.

Од Специјалното обвинителство за НОВА велат дека со оглед на последната одлука на Кривичниот совет да ја одбие нивната жалба за три лица во случајот „Тврдина“, сега осомничените може и да ја напуштат државата, бидејќи нивните пасоши не се одземени, ниту пак се определени други мерки на претпазливост.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com