HomeДЕНЕШНАПолитикаОсновниот суд не ги добил доказите за Зоран Божиновски

Основниот суд не ги добил доказите за Зоран Божиновски

Основниот суд Скопје 1- Скопје го одложи првото рочиште на кое требаше да му се суди на Зоран Божиновски бидејќи не ги добиле доказите од предметот „Шпион“ кој се уште е на јавна седница во Апелациониот суд. Судијката ги побарала доказите уште во август, но сè уште нема добиено одговор од Апелациониот суд, информира Академик.

Затоа судењето е одложено за 27 септември, се додека не завршат јавните седници за случајот „Шпион“. За потсетување Судскиот совет не и го отстапи предметот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева иако СЈО денес ќе го застапува истиот случај во Апелациониот суд.

Пред судот мирен протест одржаат и новинарите и медиумските работници од повеќе здруженија и организација кои бараат фер судење.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com