HomeДЕНЕШНАСветОсновачот на Викиликс тврди дека има нови информации околу изборите во САД

Основачот на Викиликс тврди дека има нови информации околу изборите во САД

Џулиан Асанж, човекот кој е основач на Викиликс се пофали дека неговата организација добила нови информации поврзани околу изборите во САД. Како што тој наведе, се работи за повеќе материјали поврзани со фондацијата на семејството Клинтон.

Активностите на оваа добротворна организација, основана од поранешниот американски претседател Бил Клинтон во 2001 година, предизвика остри критики во САД од политичките противници на неговата сопруга Хилари Клинтон, која е претендент за Белата куќа. Сега се појавија сомненија дека Клинтон нудела услуги на одредени лица во замена за податоци од фондацијата.

Асанж истакна дека Викиликс располага со информации како за Клинтон, така и за републиканскиот кандидат за претседател Доналд Трамп. Од документите јасно се гледа дека раководството на партијата активно се обидувало да ја поддржи Клинтон на штета на нејзиниот противник на првичните избори Барни Сандерс.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com