HomeФЕР ПЛЕЈФудбалОскар останува во Челси

Оскар останува во Челси

Фудбалерот на Челси Оскар изјави дека нема намера да го напушти клубот и истакна дека доаѓањето на Антонио Конте ќе биде вистинско освежување на тренерската позиција во клубот. Оскар, кој го пропушти почетокот на сезоната поради повреда, според одредени шпекулации е блиску до заминување од „Стемфорд Брич“, а за него како најзаинтересиран се шпекулира дека е италијанскиот шампион Јувентус. Меѓутоа, после објавувањето дека Конте ќе биде нов тренер на Челси, Бразилецот е убеден дека овде ќе ја добие својата вистинска шанса.

„Ова беше многу тешка година за мене. Се повредив на почетокот на сезоната, а кога се вратив во првиот тим на клубот не му одеше најдобро. Се надевам дека наредната сезона ќе биде подобра. Доаѓањето на Конте е одлична работа за играчите, секој ќе мора да се докаже за да го заслужи местото во тимот. Очигледно е дека не сум среќен бидејќи во последно време играв малку, но доаѓањето на Конте е нов почеток за сите нас“, изјави Оскар.

Во текот на својата кариера Бразилецот настапуваше за Сао Паоло и Интернационал, за во јули 2012 година да премине во Челси. Во текот на своето време поминато во клубот од Лондон настапи на 189 натпревари, постигнувајќи 38 погодоци и освои една титула шампион во Англија, Лига куп и трофеј во Лига Европа.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com