HomeДЕНЕШНАЕкономијаОРМ: Неопходен е нов модел за ангажирање на сезонски работници

ОРМ: Неопходен е нов модел за ангажирање на сезонски работници

Организацијата на работодавци на Македонија (ОРМ) бара да се унапреди моделот на пријавување на сезонските работници во задолжителното социјално осигурување, со што ќе се зголеми социјалната сигурност на овие луѓе и ќе се елиминира плаќањето високи глоби за непријавените работници.

– Членките на ОРМ укажуваат на потребата од значително поедноставување на моделот на пријавување и на плаќање на придонесите за работниците кои се ангажираат на определено време за извршување работи кои имаат сезонски карактер. Во таа насока, ОРМ преку процес на консултации со работодавците, ќе предложи нов модел за ангажман на сезонски работници, преку т.н. систем на дневни купони за плаќање на придонесите, со што веруваме дека ќе се постигне поефикасна примена на законските одредби за пријавување на овие работници- објаснува претседателот на ОРМ, Ангел Димитров.

Вакви купони веќе се применуваат во Шпанија, Португалија и Франција, а во регионот во Хрватска кои даваат добри резултати.

Оваа идеја на ОРМ произлезе од анализата која укажува дека во земјава расте потребата од ангажман на сезонски работници кај голем број компании од различни стопански гранки, како што се: земјоделството, угостителството и туризмот, прехрамбената, текстилната и другите преработувачки индустрии, но процедурите за нивно пријавување и за плаќањето придонеси се сложени.

По завршување на консултациите со работодавците, ОРМ ќе предложи конкретни измени и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com