HomeДЕНЕШНАРегионОпасност од епидемии во кампот кај Идомени

Опасност од епидемии во кампот кај Идомени

 

Електронското издание на весникот „Етнос“ објави дека Директорот на Управата за јавно здравство во грчката област Централна Македонија, Софоклис Куртидис предупредува на опасноста од епидемии во бегалскиот камп на грчко-македонската граница. Во моментов во грчкото село Идомени има над 11.000 мигранти, меѓу кои и многу мали деца, а условите во импровизираниот камп не се добри, додава весникот. Меѓу бегалците веќе беа регистриани случаи на болни од хепатит А, како и ширење на шуга.

Брзата помош бара да се дезинфицираат нивните возила со кои се пренесуваат мигрантите. Весникот објави и дека во мизерните услови во кои престојуваат мигрантите има гнило ѓубре од кое се шири неподнослива миризба, но идека храната која им се дели е со сомнителен кавлитет.

Според заменик-гувернерот Јоана Заки, ситуацијата во Идомени е неконтролирана и кампот треба веднаш да биде затворен. Во моментов здравствените власти не можат да го дезинфицираат регионот, бидејќи постојат многу луѓе кои постојано се движат меѓу отворените шатори.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com