HomeАНТИСТРЕСЕкимОпасна материја пронајдена во пастата за заби Colgate

Опасна материја пронајдена во пастата за заби Colgate

Colgate Total е една од најпродаваните пасти во светот, а е единствена во САД која содржи триклосан, хемикалија која се поврзува со нарушување на работата на ендокриниот систем, а воедно е и канцерогена материја која со време се насобира во нашето тело – пишува New York Times.

Всушност триклосан е пестицид и неодамна е забранет антибактериски сапун кој ја содржи оваа материја, а истражувањата покажале дека кај животните изложени на високи дози од триклосан доаѓа до намалување на нивото на хормоните од штитната жлезда.

Иако штитната жлезда лачи хормони кои се важни за речиси секој процес во телото, се уште нема докази како оваа хемикалија влијае кај човекот.

За пастата која содржи триклосан докажано е дека има бројни бенефити, се бори против наслагите и болестите на непцата подобро од оние пасти кои содржат само флуорид, стоматолозите сепак препорачуваат да се избегнуваат пасти кои содржат потенцијално опасни материи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com