HomeДЕНЕШНАСветОН: 29 милиони луѓе се зависни од дрога

ОН: 29 милиони луѓе се зависни од дрога

Бројот на возрасни луѓе зависни од дрога, за првпат се зголеми во изминатите шест години, и денес речиси 29 милиони луѓе се во таа категорија, наведува Канцеларијата на ОН за борба со дрога и криминал.

Во извештајот се вели дека речиси 29 милиони луѓе во светот се зависни од дрога, додека лани се регистрирани 27 милиони, а околу 12 милиони се регистрирани како „инектирачки корисници на наркотици“, од кои 14 отсто се со ХИВ. Морталитетот поврзан со дрога е непроменет во светот – во 2014 година имало пријавени околу 207.000 смртни случаи, пренесува МИА.

Во извештајот се вели дека и употребата на хероин и поврзани смртни случаи прикажуваат тренд на нагло зголемување во изминатите две години во држави од Северна Америка и Западна и Централна Европа.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com