HomeРЕФЛЕКТОРФилмОмилениот филмски негативец се враќа во „Star wars“

Омилениот филмски негативец се враќа во „Star wars“

Потврдено е: Џејмс Ерл Џоунс се најде во актерската постава која ќе ги толкува улогите во новата франшиза на „Star wars- Rogue One: A Star Wars Story“. Ова значи дека во епската филмска приказна, после 33 години ќе се врати омилениот негативец, Дарт Вејдер.

Џејмс Ерл Џоунс го „позајми“ својот глас на моќниот господар Сит, или ако ви се повеќе допаѓа Анакин Скајвокер. Потсетуваме, дејството во продолжението „Rogue One“ е сместено во времето кое му претходи на првата „Star Wars“ трилогија и ја следиме приказната како и зошто бунтовниците одлучиле а ги украдат плановите за Ѕвездата на смртта.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com