HomeДЕНЕШНАПолитикаОМД бара смена на промоторот Ристиќ, тој ги обвини дека не донирале за поплавите

ОМД бара смена на промоторот Ристиќ, тој ги обвини дека не донирале за поплавите

Економскиот промотор Оливер Ристиќ се најде на нишан на Обединета македонска дијаспора која бара од Владата на Република Македонија да го повлече од функцијата во САД поради нанесени големи навреди. Ристиќ ги обвинил ОМД дека воопшто не донирале средства од иселениците за настраданите во поплавата и дека собраната сума од 17.000 долари е смешна бидејќи повеќе ќе чини провизијата за пренос на парите во банките.

Од ОМД реагираат дека Како актуелен вршител на државна функција тој им нанесе огромна штета на угледот на Амбасадата на Македонија, на Агенцијата за странски инвестиции, на Владата, а со тоа и на Република Македонија во целина“, вели ОМД во писмото до премиерот Димитриев за смена на Ристиќ.

Промоторот Ристиќ пак, се бунеше зошто медиумите ја објавија неговата лична фејсбук комуникација со претставници на ОМД и иселениците во која има голем број на навреди дека во дијаспората не се грижат за Македонија, не собираат доволно донации и дека воопшто не се заинтересирани за инвестирање во родната земја. Затоа посочи дека штом се врател од годишен одмор во земјава јавно ќе ги образложи сите детали за судирот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com